Skip to main content

Мицкоски: Се грижиме за нашите најмали, затоа што тие се иднината и силата на нашата држава

Извршивме увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево. Градинката ќе згрижува 53 деца до шестгодишна возраст и претставува втора установа од ваков тип во општина Василево, напиша на својот фејсбук профил Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

По преземените активности и дополнителни инвестиции од општината, обезбедени се сите потребни согласности и одобренија од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика. Градинката од ноември ќе почне со работа и ќе ги згрижува првите деца.

Се грижиме за нашите најмали, затоа што тие се иднината и силата на нашата држава.

Поврзани вести