
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на последниот ден на кампањата се обрати на Фејсбук каде истакна дека често се прашува што е смислата на борбата ако човек не се бори за луѓето околу себе?
Од мал го научив тоа, во моето маало, во мојата улица, кај луѓето што секогаш знаат да споделат залак и кога немаа доволно. Таму научив дека вистинската сила не е тоа колку можеш сам, туку колку можеш со другите, вели Мицкоски.