Skip to main content
Митинг во Прилеп

Mицкоски потсети: Државата ја наследивме како запуштена куќа, без покрив и со празни сметки и згаснати надежи

Пред нас е време на пресврт, време кога зборовите ќе донесат резултати и кога ветувањата ќе се мерат со дела, а политиката со подвизи, порача од митингот во Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ние не дојдовме во владата за да бараме изговори или да уживаме во неа. Дојдовме да ја исправиме неправдата, исчистиме корупцијата и да ја вратиме државата во рацете на народот, дојдовме да работиме. Дојдовме после седум години разурнување, години на лаги, поделби и злоупотреби. Државата ја наследивме како запуштена куќа, без покрив и со празни сметки и згаснати надежи. И кога ќе ми речат зошто постојано потсетуваш на тие седум години, јас имам јасен одгово, потсетувам за да се запомни и да не се повтори, потсетувам затоа што гледам дека со истите трикови сакаат да се вратат назад без да ја научат лекцијата истите луѓе, истакна Мицкоски.

Поврзани вести