Skip to main content

Мицкоски: Пензионерите нема да враќаат пари – Уставниот суд има три можни решенија

Freepik

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ги поддржува барањата на пензионерите кои протестираат пред Уставниот суд, посочувајќи дека актуелната правна дилема за линеарните зголемувања отвора сериозни прашања за идните пензии.

Мицкоски потсети дека Владата најавила уште едно линеарно покачување во март 2025 година и праша како е можно тоа зголемување да биде неуставно, ако сите претходни – меѓу кои и покачувањето од 6.000 денари – биле сметани за уставни.

Тој ги критикуваше поранешните владини изјави дека проблемот не постои, додавајќи дека сега, по реакциите, истите институции признаваат дека ќе мора да се преиспитаат одлуките за зголемувањата.

Премиерот посочи дека Уставниот суд има три можни сценарија:

Да ги прогласи линеарните зголемувања за неуставни, што би значело дека околу 75% од пензионерите од 1 јануари ќе добијат пониски пензии за 3.000 до 4.000 денари.

Да прогласи неуставно само претстојното зголемување, а сите претходни да ги остави во сила – решение кое Мицкоски го оцени како правно нелогично.

Да ги потврди сите зголемувања како уставни.

„Нема дополнително да коментирам, за да не биде сфатено како притисок врз судиите и обвинителите“, додаде Мицкоски.

Поврзани вести