Skip to main content

Мицкоски: Од вашиот глас зависи како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи

Од вашиот глас зависи како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на масовниот народен митинг во Гевгелија.

-За нашите противници, ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Халкидики, час од Струмица. Да си ги штити бизнисите и слободата. За да се случи тоа, си најми изведувач и клучот од ова нивно сценарио се состои од судството и обвинителството чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за сторен криминал од 100 милиони евра во РЕК Битола за Марковски одлучуваат истите судии и обвинители да доделат куќен притвор. Затоа СДСМ и ДУИ не гласаа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после локалните избори, порача Мицкоски.

Потсети дека за ова судство и обвинителство, Филипче вели дека е професионално, а оцену дека видовме се освен професионализам.

-Знаат дека ова е нивниот последен крик и затоа се нервозни. На овие избори одат со гола демагогија и грст навреди и квалификации наместо со програма и проекти. Кажуваат дека се борат за нивниот дом, а нивниот дом не се вашите домови, туку се грижат за заштита на нивните украдени пари, порача Мицкоски.

Поврзани вести