
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на увид во градежни активности на спортска сала во О.У. „Димитар Поп Беровски“, населено место Хром во Општина Ѓорче Петров каде што даде изјава за медиуми.
Најпрвин сакам да му честитам на градоначалникот што за исклучително кратко време овој објект доби своја физиономија и за кратко од денес учениците во ова училиште ќе го користат. И би сакал што повеќе вакви објекти коишто ќе можат нашите најмили да ги користат, да спортуваат бидејќи со спорот се гради и духот, а кога ќе научите да го градите духот на витешки начин тоа ќе ве следи до крајот на животот. И наместо да се занимавате со ниски страсти, вие ќе водите витешки борби. Нормално, животот е полн со предизвици, и тие предизвици е важно витешки да ги совладувате, а не да наоѓате срамни опции коишто понатаму во животот на погрешна насока ќе ве изградат како личност, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека ваквите спортски објекти се многу значајни и апсолутна поддршка имаат и сега, но и во иднина.
Честитам и на Министерството за образование за сето ова коешто го прави изминатиов период и многу е важна таа синергија, посебно во образованието бидејќи Општината и Министерството за образование треба да се надополнуваат и да одговорат на потребите на нашите најмили, на дечињата, истакна премиерот Мицкоски.
Тој додаде дека исто така, би сакал да се заблагодарам и на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, на советниците, на администрацијата во Општина Ѓорче Петров што навистина инспиративно ја следи работата, амбициозната агенда на градоначалникот. Впрочем, тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење. Сведоци бевме неодамна пред неколку дена на едно такво јавно мислење, конкретно овде за Општина Ѓорче Петров, каде што е речиси извесно дека жителите на Општина Ѓорче Петров многу јасно ја препознаа амбициозната агенда на градоначалникот и продолжуваат да ја поддржуваат и убеден сум дека и во следниот четиригодишен мандат тој ќе направи толку многу работи, како во првиот свој мандат, што навистина ќе делува инспиративно за граѓаните и ќе ги подобри условите за живот.
Александар често пати е скромен и не сака да каже во каква состојба беше Општината на почеток, од тежок минус, од дебела минусна сметка, успеа да ја извади буквално од банкрот за да денес еве може да си дозволи ваков тип на развојни проекти.
Ние како Влада и во првиот и во вториот повик финансираме проекти овде во Општина Ѓорче Петров, ако не се лажам, околу 6-7 милиони евра. Така ќе продолжиме и во периодот којшто следи.
Уште еднаш им честитам на сите страни коишто се вклучени во развојот и градењето на општините ширум Македонија“, нотира во обраќањето Мицкоски.