Skip to main content

Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не на владата на СДСМ и ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува да биде избран јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не, како што рече, „заштитник на владата на СДСМ и ДУИ“. При посетата на Неготино, премиерот беше прашан зошто не е задоволен од обвинителот Љупчо Коцевски и како ги коментира обвинувањата од СДСМ дека се партизира правосудството.

Тоа што СДСМ го брани Коцевски и ДУИ е главна причина, главен услов, ние да работиме спротивно на тоа. Тоа значи дека имаме опструиран, партизиран целосен систем, што има за цел да биде последниот браник, последниот штит на владата што пред повеќе од осум месеци замина во историјата на македонската политичка сцена, а тоа е владата на СДСМ и ДУИ, иако тие заедно со Левица, функционираат исклучително одлично и ефикасно во опозиција и мислам дека уште долго време така и ќе продолжат да функционираат како коалиција, одговори Мицкоски.

Тој очекува целиот процес да заврши „брзо и ефикасно“.

Но, самото тоа што тие велат дека не треба да се промени Коцевски, ние мора спротивно да работиме. Да направиме сѐ што е во наша моќ да го промениме, бидејќи знаеме што мислат граѓаните за правосудниот систем под палката на оваа коалиција – СДСМ и ДУИ во минатото. Довербата е два, три проценти. Така што, јас очекувам овој процес брзо и ефикасно да заврши и да биде избран обвинител којшто ќе биде заштитник на правдата, а не заштитник на владата на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Поврзани вести