Skip to main content

Мицкоски: На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, ќе има сериозни структурни, но и квалитативни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу пати повеќе од ова кое сега се прави, бидејќи за жал многу малку е направено со минатото, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека заедно со министерот, во периодот што следи ќе имаат подолг ресорен состанок на кој ќе ги определат чекорите за понатаму.

Ќе има сериозни реформи, и структурни, но и квалитативни, и убеден сум дека за неколку години од денеска ќе имаме комплетно нова претстава во здравството. Бидејќи често пати зборувам, ќе го повторам тоа и денеска, дека како Влада одвојуваме за здравството повеќе од една милијарда евра. Нешто што досега никогаш не било ни приближно толку направено. Да речеме само во годината за време на ковидот таа бројка била некаде околу 500-550 милиони евра. Значи сега сме, би рекол, два пати повеќе. Убеден дека многу скоро од денеска, секој еден граѓанин ќе може да почувствува дека јавното здравство нуди услуги кои се конкурентни и квалитетни, додаде Мицкоски по промовирањето на новата опрема на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Поврзани вести