![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/stan-stanovi-1024x797.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).
Како што информираат од владината прес-служба, објектот е со приземје и пет ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 метри квадратни.
Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 денари без ДДВ.
Во Општина Велес денеска ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен.
-Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849м2, односно плоштад 317м2, фитнес терен 95м2, спортско игралиште 1320м2, игралиште за деца 96м2 и пинг понг маса 21м2, се наведува во соопштението од владината прес-служба