Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук изрази сочувство до семејствата на жртвите кои го изгубија животот во трагичниот настан што се случи во Цетиње, Црна Гора.
– Во овие тешки мигови, од името на Владата, како и од мое лично име, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите кои го загубија најмилото. Нивната болка е неизмерна, а загубата непоправлива. Нашите мисли и молитви се со нив, како и со сите кои беа погодени од овој трагичен чин. Длабоко сочувствуваме и со граѓаните на Црна Гора кои во овој момент се соочуваат со голема тага и вознемиреност, вели Мицкоски во телеграмата со сочувство.