Skip to main content

Мицкоски и Мисајловски на средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рано утринава се сретна со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

„Остварив средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт“, информираше Мицкоски во објава на социјалните мрежи.

Во разговорот, како што вели, се осврнале на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети.

На средбата со Мицкоски, од македонска страна, беа присутни и министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на АРМ, Сашко Лафчински.

Генерал-мајорот Најт покрај придружбата што пристигна заедно со него, беше придружуван и од амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер.

Поврзани вести