Skip to main content

Мицкоски: Хибридните закани не се победуваат со молк, туку со заедничка акција

Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата „Хибридни и информациски закани“, во организација на Институтот за комуникациски студии. 

Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Според премиерот, поминато е време кога со замена на еден директор исчезнува знаењето.
 
– Ќе спроведеме задолжителни процедури, методологии, бази на податоци и стандарди – за да нема повеќе „празнини“ во системот, за да нема зависност од поединци. Планираме континуирани обуки за службениците во сите институции; специјализирани програми за МВР, МО, Националната платформа за безбедност, јавната администрација и локалната самоуправа; програми за медиумска писменост и дигитална безбедност за младите, рече Мицкоски.

Interesi ynë kombëtar është i qartë: të ndërtojmë një shtet që i njeh, analizon dhe u përgjigjet kërcënimeve hibride dhe informative në mënyrë të koordinuar, të shpejtë dhe profesionale, poro

Ниту една држава, како што поосчи, не може да се брани без обучени луѓе, а хибридните закани не се победуваат со молк, туку со заедничка акција.

– Владата ќе отвори платформа за редовна соработка со истражувачки центри, универзитети, медиумски здруженија, граѓански организации и приватниот сектор. Овој проблем е премногу голем за да го носи само една институција. Македонија ќе гради систем, не импровизација, рече премиерот.

Посочи дека визијата е јасна – држава која ќе препознава рано, институции кои ќе реагираат брзо, службеници кои ќе постапуваат професионално, граѓани кои ќе препознаваат манипулации, општество кое нема да биде жртва – туку отпорно.

– Ова не е работа за една прес-конференција или еден мандат. Ова е заедничка мисија за иднината на нашата демократија, рече Мицкоски. 

Хибридните и информациските закани, како што рече, не го напаѓаат само системот – ја напаѓаат довербата меѓу нас.

– А кога ќе исчезне довербата, државата станува ранлива. Нашата задача е јасна: да ја вратиме довербата, да изградиме силни институции. И да создадеме систем што нема да падне при првиот силен удар на дезинформациска кампања. Овој пат нема да дозволиме импровизации. Овој пат градиме одговорна држава која стои цврсто – и која гледа напред, рече Мицкоски.

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон изрази задоволство што ќе ја отвори конференцијата на тема борба против дезинформации. 

– Како партнери на НАТО, даваме свои заложби во оваа борба и затоа ми е мило што ќе бидам дел од оваа соработка. Сметаме дека за системите е навистина важно да имаат точни извори на информации затоа што дезинформациите ја нарушуваат секоја демократија, затоа сметаме повторно како партнери на НАТО дека треба заедно да учествуваме со премиерот и со вас во оваа борба, изјави амбасадаорот Лосон.

На панел дискусијата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски се осврна на Националната сајбер стартегија и Националната ИКТ стратегија. 

–  Како држава која јасно се позиционирала со ставот НАТО и ЕУ, подложни сме и ќе бидеме подложни од напади. Не е прашањето дали ќе се случуваат, прашањето е како ќе се справиме, каква отпорност ќе изградиме и како ќе одговориме на ваквиот тип напади, рече Андоновски.

Директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска кажа дека овој проект е логично продолжение на претходните активности на кои работеше Институтот за комуникациски студии во областа на дезинформациите.

– Странското мешање и манипулирањето со информациите е подмолна и сериозна закана која ја поткопува демократијата и ги нагласува поделбите по сите основи, го ограничува чувството на безбедност и се фокусира на ранливите категории на граѓани. Како одговор на овие закани, потребен е интегриран систем кој ќе биде обединувачки и ќе ги вклучува и академската заедница, цивилното општество …,  рече Трајкоска во своето воведно обраќање

Поврзани вести