
За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој повеќе треба да се плаши од него – СДСМ, ДУИ, ВРЕДИ, премиерот Мицкоски вчера рече дека треба да му се даде време на времето, но и дека смета дека листата е долга.
– Во интерес на истрагата и тие информации што ги имам, не би сакал премногу длабоко да навлегувам во чувствата на поединечни сегашни и поранешни политичари, но не треба никој да се плаши ако не направил нешто спротивно на законот. А треба да се плашат сите оние, кои што направиле нешто спротивно на закон, без разлика на кој политички дрес му припаѓаат, нагласи Мицкоски.

Македонски

