
Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде преку професонална, непоткуплива и етичка полиција, која ќе го гони криминалот без разлика дали стои зад позиција или пари. Најави дека ќе се инвестира во опрема, обука и достоинство.
„Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси а не за правда. Пораките ‘ќе средиме’ и ‘ќе се јавам’ беа погласни од законот. Тоа време заврши. Во оваа држава нема веќе место за врски и непотизам. Законот важи за сите. Силата на државата не се мери со привилигиите на поединците, па и до најмоќните, но и најмаргинализираните. Корупцијата и организираниот криминал нема место во оваа држава“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека кога правдата премолчува, неправдата станува гласна.
Со вашата пожртвуваност, неправдата останува без можност. Безбедноста не е статистика, таа е чувство. Таа е кога родител без страв пушта дете во училиште. Бог да ве чува вас и Бог да ја чува нашата Македонија“, рече Мицкоски.