Skip to main content

Мицкоски денеска на пуштање на градинка во Општина Гевгелија

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ чија изградба чинеше 56 милиони денари, во Општина Гевгелија.

Потоа премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари.

Како што најавија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе изврши увид и во градежни работи за изградба на нов парк со детско катче со површина од 3.150 м2, каде што по завршување на активностите предвидено е да даде изјава за медиуми.

Поврзани вести