
Буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со минатата година. Ќе ви кажам дека тоа не е доволно бидејќи доаѓам од науката, но е секако повеќе од тоа што беше од минатата година, околу 600-650 милиони денари, изјави премиерот.
Премиерот Мицкоски вели дека целта е да се стимулира науката, а Универзитетите во мандатот на оваа Влада да се придвижат кон правата 1000ка на Шангајската листа на Универзитети.
Нашата цел е да ја стимулираме науката и во таа насока е онаа активност на владата да обезбеди бесплатен пристап на научници и млади но и поискусни на две научни бази на научни списанија. Ако тоа во минатото се плаќаше и беше тешко достапно сега веќе го имаат бесплатно, државата тоа го покри за сите универзитети и очекувам младите научниуци да продолжат во таа насока да се однесуват, односно да ги користат овие бази на научни списанија и да ги следат светските трендови, а со тоа да објавуваат свои научни трудови, а со тоа да придонесат нашите Универзитети да се придвижат кон првата 1000ка според шангајската листа на Универзитети која што е една од најважните репер листи во светот и очекуват тоа да се случи во овој мандат на ова Влада – рече премиерот.