Skip to main content

Мицкоски: Болницата во Кичево ќе биде завршена за две години со британска поддршка

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи изградбата на нова болница во Кичево. Проектот ќе се реализира во рамки на стратешко партнерство со Обединетото Кралство и Северна Ирска.

Реконструкцијата, односно изградба на нова болница со здравствен дом во Кичево е дел од стратешкото партнерство кое го потпишавме со Обединетото Кралство и Северна Ирска и во рамки на тоа ова ќе биде отпочнато и завршено и очекуваме во рамки на две години да се изгради, целосно опреми и пушти во употреба, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по одржаната владина седница.

Дополни дека тоа, како што рече, „ќе биде еден современ, европски проект со најсовремена опрема која ќе служи за граѓаните од тој дел“.

Поврзани вести