Skip to main content

Мицкоски: Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

Денеска потпишавме меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток, информираше премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари.

Бурсток има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор.

Поврзани вести