Skip to main content

Мицевски: Реконструкција на мостот што ги поврзува Добри Дол со Ракотинци

Реконструкција на мостот што ги поврзува Добри Дол со Ракотинци најавува кандидатот за градоаначалник на Општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски.

Планирани проекти за Добри Дол во програмата на Мицевски се и изградба на фекална канализација, како и подобрен јавен превоз.

-Денес бевме на терен во Добри Дол, со жителите кои секојдневно се соочуваат со овие предизвици. Разговаравме отворено, ги слушнавме нивните потреби и идеи – затоа што решенијата почнуваат со народот. Заедно градиме општина во која секое село ќе има пристап, чиста инфраструктура и подобар квалитет на живот, вели Мицевски.

Поврзани вести