
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска прошета низ Старата скопска чаршија и се сретна со многу бројни граѓани, како што вели, во срцето на историскиот дел од Скопје, соопштуваат од ВЛЕН, а нивниото соопштение МИА ви го пренесува интегрално.
При прошетката низ улиците на Чаршијата, осветлени од есенското сонце и исполнети со ехото на гласовите на трговците, Меџити се поздрави со многу граѓани, разменувајќи топли зборови и ракувања.
„Секое поздравување, секое стегање рака, ме потсетува дека нашата сила доаѓа од луѓето, од нивната доверба и од нашата посветеност за чесно владеење“, изјави Меџити по средбите.
Тој ја нагласи важноста на секојдневното присуство меѓу граѓаните, слушајќи ги нивните грижи и надежи, како дел од неговата заложба за праведно и ранспарентно управување со Чаир.
Денешната посета на Чаршијата претставува уште една потврда за силната врска на Меџити со граѓаните и бизнисите во овој дел од градот, како и за големата поддршка што ја ужива во пресрет на локалните избори.