Skip to main content

Меџити: Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки

Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме. Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами во оваа болка! Ние сме заедно! – објави на фејсбук Изет Меџити,  прв вицепремиер и министер за животна средина изразувајќи сочувство за жртвите во несреќата во Кочани, кога се запали дискотека, во која загинаа 59 млади лица, а речиси 200 беа повредени.

Поврзани вести