Skip to main content

Македонец лекар во Бугарија ладнокрвно прегази куче, освен отказ му се заканува и затвор (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Македонец, 29-годишен лекар на Воено-медицинската академија во Софија се соочува со казна затвор и до пет години откако со автомобил прегазил куче, маалски миленик во населба во бугарската метропола, објави kalendarnews.wordpress.com.

Јавноста во Бугарија и Македонија е згрозена од лекарот кој прегази куче во Софија. Не стивнуваат реакциите по објавувањето на видеото на кое се гледа лекарот, Ненад Цоневски од Македонија, вработен на Воено-медицинската академија во Софија, како прегазува куче излегувајќи со возилото од зграда.

На снимките од надзорните камери се гледа како мажот со автомобил го прегазува кучето, излегува од автомобилот, го набљудува повреденото животно, а потоа повторно влегува во возилото и заминува, минувајќи и со задните тркала преку неговото тело.

Инцидентот предизвика лавина реакции во јавноста и бурни осуди на социјалните мрежи. Жителите од маалото, кои се грижеле за кучето – старо 12 години и познато како мирно и кротко – организираа протест со барање сторителот да биде најстрого казнет.

Поврзани вести