Skip to main content

Латас до Ленче Ристоска: Со углед од 2 отсто во народот заслужувате дислокација на депонија на општеството

Фејсбук профил на Драган Павловиќ Латас

Ленче Ристоска, една од “Трите Грации“, гротескните креатури на СЈО, се препознала себе во критиките на премиерот Мицкоски за “медиокритети“ и решила да бара, и веројатно ќе добие, одлука од Советот на обвинители дека со тоа била – навредена!!!, пишува во статус на социјалните мрежи новинарот Драган Павловиќ Латас.


Болеста на “Трите Грации“ создадена од ароганција, неказнивост, безобразие, кримогеност видена во делење милион евра меѓу себе за “вонредни“ напори… Очигледно болеста им е хронична. Се фатила и не пушта, навикнати дека како некогаш се им е дозволено, секој мора да им се покори и тргне од патот, секое евро што им е на сметка треба да заврши кај нив. Нивниот “напор“ е неограничен како и нивната алчност “напорите“ да им се платат со вонредни пари и привилегии.
Потсетуваат на воени ветерани од злосторничка армија кои не разбрале дека валканата војна во која пукаа врз секого и секаде без последици и без одговорност – е завршена. Дека се тие поразената страна и дека само поради Советот на обвинители составен од СДСМ и двајцата партиски државни обвинители Јовевски и Коцевски што ги штитат од истрага за проневера се уште можат да бидат на слобода.
Тоа и тие се нивните “пацовски канали“ на бегство од одговорност и судење. Опишани се и во историјата.

Шетаат наоколу, одат како обвинители по судови, зомби карикатури кои се уште ги носат излитените крвави шинели на СЈО и лица замрзнати во старите насмевки на надмоќ и насилство кои предизвикуваат потсмев и презир. И потсетување на проневерените пет милиони евра од СЈО.
Потсетуваат на ментално дезориентирани воени ветерани од поразена злосторничка армија која грабала и тепала со години и се уште шетаат наоколу живеејќи во тој филм, и обидувајќи се да грабаат и тепаат понатаму, а никој да не им пружи отпор.

Доста е!

Со углед од 2% во народот заслужувате дислокација на депонија на општеството. Имате крвави раце, имате самоубиство на младиот Крпач на душа, имате криминал за свој профит, имате стотици поболени, уништени и осиромашени а никогаш прогласени за виновни по вашите акции. Имате потрошено дваесет милиони евра за сопствена забава и лечење лични фрустрации и комплекси.

Имате изречено серии навреди кон ваши колеги од Јавното обвинителство дека се нестручни, кримогени и корумпирани па затоа вие од СЈО постоите (а постоите надвор од Устав).
За разлика од уставните обвинители вие се возевте во скапи државни коли и службено и приватно, примавте дупло поголема плата од нив, се сликавте по телевизии нон-стоп создавајќи естрада од обвинителството а инфлуенсери од себе.

Заборавивте, но ние не, со кои клевети и навреди јавно им се обраќавте на судиите кои не судат како што вие барате. Им се заканувавте, ги уценувавте, ги таргетиравте по медиуми.

Јавно баравте смена на судијката Марија Клетничка затоа што пресудила ослободително во мој предмет. И ја сменивте – без образложение за смената. И со другата судијка пресудата беше – ослободителна. Бевте и судии, и обвинители, и естрадни параспури, и џелати и душмани и опасни кловнови како од филмот Clown in a Cornfield.

Сега од уставните обвинители барате заштита за себе. Нив да ги плукаат што ве штитат а парите проневерени од СЈО да останат кај вас, да заборават години во кои јавно ги понижувавте, клеветевте, омаловажувавте.

Зошто би ви го дале тоа?!
Патем, госпоѓо Ленче Ристовска, вие сте и лош правник.
Постои термин, ценет како дозволен од Судот за човекови права во Стразбур, кој се вика – вредносен суд. Не е ниту клевета нити навреда да се изрече вредносен суд, особено за работа на некој кој е јавен функционер.
МЕДИОКРИТЕТ значи: Просечност (од латинскиот mediocritas) просечност во способностите, вредностите, делата или како состојба на ограничување и рутина.
Чист ВРЕДНОСЕН СУД, пар екселанс. Нема навреда.
Мислам дека Мицкоски згрешил во едно, не се работи за “медиокритети“, просечни или потпросечни. Ве частел, и ви дал поголемо значење од реалното.
Кога се ликовите од СЈО се работи за дно. И стручно и човечко.

Поврзани вести