
Територијалната противпожарна единица од Куманово доби современо противпожарно возило со корпа и хидраулична скала висока 32 метри преку донација од Тирол, Австрија. Возилото ќе се користи за интервенции, за спасување од висококатници и вонредни состојби.
Претставниците на локалната власт и на ТППЕ Куманово, денеска ги примија претставниците од австриската амбасада и од Тирол. Возилото, значително ги зголемува капацитетите на кумановската територијална противпожарна единица. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потсети на претходната соработка со Тирол и студиските посети и нагласи дека Куманово е избрано како една од општините во Македонија за реализација на реформите во противпожарните служби. Претходно беше адаптираше и гаражниотпростор на ТППЕ Куманово.
Во оваа прилика сакам да се заблагодарам во име на граѓаните на општина Куманово и во мое лично име да се заблагодарам на граѓаните на Австрија и на покраината Тирол. Ќе продолжиме да ги користиме нивните искуства. Целта е Куманово да стане пилот-проект за реформи на противпожарниот систем каде што покрај професионалната пожарна единица ќе обезбедиме услови за функционирање и на доброволни противпожарни друштво во самиот старт на три различни пунктови во селата Пчиња, Табановце и Орашац каде што општината ќе има обврска да изгради во рамки на постоечките капацитети и места за паркирање и складирање на опремата и места за тренинг на добоволците. Целта е да се приближиме на системот којшто република Австрија го има во моментот и тоа е еден од најдобрите не само во Европа, туку и во светот. Во иднина ќе обезбедиме преку донации и наши средства да се доопреми единицата“, изјави Димитриески.
Општина Куманово активно соработува со австриската амбасада и со Тирол на зајакнување на капацитетите капацитети на противпожарните единици. Во рамките на проектот е предвидено и зголемување на нивото на волонтеризмот. Во градот веќе функционира доброволно противпожарно друштво и се зголемува бројот на членови. Куманово ќе настојува во руралните средини да воспостави доброволни противпожарни друштва кои ќе добијат и теренски возила за интервенција.

Координаторот на проектот Петар Логар, рече дека проектот почнал со посредство на австрискиот амбасадор во Македонија, Мартин Памер. Вакви проекти се спроведуваат веќе 15 години на Балканот, особено во Хрватска. Како што посочи Логар, имале неколку средби и најави дека доколу во Куманово се најдат доволен број на доброволци-пожарникари ќе следи доопремување на службата со нови возила, но и во обука на пожарникарите и во покраината Тирол и во Хрватска. За претставниците на Австрија е многу важно да се изгради пожарникарска служба за млади луѓе во Куманово, со што значително ќе се обезбеди сигурноста на граѓаните.
Ние сме сојузна покраина и имаме околу поволна жители колку што има во цела Македонија. Имаме 23.000 доброволци, волонтери. Во Македонија има 800-тини доброволци кои се ангажираат уште во училишна возраст со обука на младите. Голем дел од учесниците, после 16 години остануваат доброволно. Волонтерите уживаат во пријателствата кои ги стекнуваат на обуката и задоволство им е што можат да сторат нешто добро за заедницата. Не добиваат парични средства, само обука и секако заштитна опрема“, изјави Логар.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски рече дека возилото е исклучително потребно во Куманово кое има висококатници и поради бројноста на жителите. На скалата има хидраулична корпа и на возилото се монтира дополнителна опрема и од него може да се гаси.
Тројца пожарникари следеа обука и во Австрија и во Хрватска, по што ги обучија колегите. Над 70 проценти од пожарникарите се оспособени да работат со возилото. Инаку, вакво возило на ново е околу 950.000 евра. Ова возило е 26 години старо, но е во извонредна состојба“, изјави Илиевски.
Од ТППЕ Куманово најавија дека ќе ги исполнат сите услови, вклучително и формирање на доброволните друштва, но и потребните санации. За кумановските пожарникари е важна и обуката која ќе следи во Австрија и Тирол.
-Нашиот возен парк е стар во просек 40 и нешто години. Ќе бидеме презадоволни доколку го смениме возниот парк. Работиме на реновирање на гаражниот простор, ќе продолжиме на реконструкција на целиот дом на пожарникари, изјави Илиевски.
Во мај, годинава претставници од Тирол ја посетија општина Куманово, додека претходно претставници од општината и ТППЕ Куманово остварија работна средба во Австрија каде се информираа за програмските активности за заштита од пожари во Тирол.

Македонски









