Skip to main content

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи

Во гостување во „Тема на ден“ на телевизија Сител гостуваше Крис Павловски тој истакна дека премиерот Христијан Мицкоски е одлична личност и домаќин.

Имав чест, го запознав премиерот пред многу години, на краток состанок, последните години тој е одличен домаќин. Моите родители се од тука, мојот татко е од Преспа, мојата мајка е од Мариово, двајцата потекнуваат од села од овие области и имам голема поврзаност со оваа држава. Ја обожавам оваа држава, ја сакам Македонија и сакам да направам се за да и помогнам да напредува, да донесам колку што можам повеќе знаење, дури и инвестирав во компании тука во 2011-та вработивме многу луѓе, дури и Рамбл има многу луѓе тука“, истакна Павловски.

Павловски истакна дека секогаш мисли на Македонија и како да помогне.

Секогаш мислам на Македонија и на начинот како да помогнам. Актуелниот премиер е одличен домаќин, прифаќа идеи и тие односи ги развиваме изминатите години. Тој е одлична личност“, посочи Павловски.

Поврзани вести