
На денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во општина Илинден се обрати Драган Ковачки член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-Вечерва сме со една цел да покажеме дека Илинден може да продолжи да се гради и да се развива, да ја потврдиме нашата определба за подобри услови за живот, за улици што поврзуваат, за училишта се обврзуваат и воспитуваат, за спортски терени што создаваат шампиони и олимпици, за општина со еднакви можности за сите, рече Ковачки.
Тој потенцира дека Илинден е пример за брз раст и развој.
-Локалната власт е секојдневно помеѓу вас во маалата, во училиштата во селата. За да се постигнат големи дела потребно е поддршка, партнерство, визија односно лидерство. И токму такво лидерство има денес Илинден со актуелниот и иден градоначалник Александар Герогиевски, рече Ковачки.
 
                    
 
                         Македонски
Македонски








