
По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ, објави на неговиот фејсбук профил поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.
Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно, напиша Костадинов.
Додава дека единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ.
Инаку, Костадинов го замрзна членството во СДСМ пред локалните избори кога од партиската централа во Скопје не беше кандидиран за втор градоначалнички мандат.

Македонски





