
По повод 24-годишнината од нападот кај месноста Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 припадници на Армијата на Република Македонија, генерал Горан Стојков им оддаде почит на загинатите бранители.
Во чест на 10-те херои од Карпалак – вашата жртва е вечна, вашите имиња се врежани во срцето на Македонија. Да не заборавиме – слободата се плаќа со живот, а вие го дадовте најскапото. Вечна ви слава и почит, напиша Стојков.
Нападот кај Карпалак, извршен од вооружени припадници на ОНА, се смета за еден од најтрагичните и најкукавичките настани во поновата македонска историја. Во заседата животот го загубија Сашо Китаноски, Марко Деспотоски, Нане Наумоски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски.