
Лидерот на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари призна дека разговорал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Неколкупати спомна и дека неговата партија има канали на комуникација со ДУИ, како и сигнали за соработка за локалните избори. Токму затоа, како Личност на неделата, го прашуваме: Кој ти к фали,
Арбен Таравари
Арбен Таравари во моментот е министер за здравство. Неговата партија е дел од најстабилната влада во последните седум години. Своите најверни следбеници и другари, како поранешниот министер, неврохирург и автор на хаикуто „Јас со Таравари сме едно тело, еден дух“ Фатмир Меџити, кој одма беше наместен како директор на Клиниката за неврологија, му се спастрени.
И сопругата му е задоволна, толку што вели „Мајка ми да го родеше немаше да биде толку добар“.
Го отворивме и неговиот анкетен лист, кој машала е долг., не го собира во еден принтскрин.
Па, веројатно затоа и на место е прашањето – што всушност повеќе од ова сака?
Или, на македонски – што е тоа со што Ахмети или ДУИ го држат, па до толку да сака да земе и да си ја расипува калимерата?
Сè почна кога на почетокот на април „Алсат“ објави дека Таравари повеќе од 40 минути телефонски разговорал со Ахмети, и дека муабетот бил пресуден да дојде до колебање кај Таравари во убедувањата против ДУИ што до вчера фанатично ги застапуваше.
Тој прво се обиде да ја релативизира ситуацијата, велејќи дека и другите партии од Вреди имаат контакти со ДУИ.
Не велам дека претседателите се сретнале заедно, но комуникација во една држава со 1,5 милион жители и каде што има 120 пратеници во Парламентот – тоа е нормално, ќе има комуникација, изјави Таравари.
Откако лидерите на партиите дел од Вреди повеќе пати го предупредија Таравари да ги прекине преговорите со ДУИ, тоа не се случи, што доведе до формирање на Вреди во една партија – без Таравари.
Не го исклучивме, се самоисклучи, ќе кажат (со право) тие.
А, само еден „гугл срч“ е доволен да се потсетиме на сè она што го зборуваше против ДУИ и нивните политики.
И самиот потенцираше дека албанскиот гласачки електорат од 2011 година гласал против ДУИ, но причината за опстојувањето на партијата на Ахмети била во разединетата опозиција. Кога конечно таа се обедини и ги испрати со една нога во гроб, зошто баш Таравари им помага таа нога да ја вратат на земја?
Па, пред само два месеца изјави дека секој се срами да каже дека соработува со ДУИ.
Ако ги оставиме настрана менталитетот на господинот Ахмети и менталитетот што го имате вие како ДУИ, ви велам, ви треба „ресетирање“. Треба да го смените начинот на кој ги перципирате работите. Не оди. Гледате, сите се оградија од вас. Меѓународниот фактор се огради, ВМРО се огради, СДСМ, се срамат да кажат дека соработувале со ДУИ, се гледате ли себеси малку?, нагласи тогаш Таравари.
Како некој што до вчера бил „канцер за општеството“ одеднаш стана „па, нема ништо лошо во муабет“ веројатно наскоро ќе си исплива на површина.
И за крај, дотолку се самоуништи човек во два потези, што дури и отепаните од СДСМ рекле дека го мислат како можен партнер за локалните избори. Па, ха ха ха.