Skip to main content

Ќе се бира нов претседател: Советот на јавни обвинители ќе ја одржи седницата која беше одложена поради локалните избори

Советот на јавни обвинители на РМ, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот.

Советот на јавните обвинители на 28-та седница одржана на 30 септември, донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори. До изборот на нов претседател согласно одлуката со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.

На дневен ред на 32. седница се и донесување одлука за престанок на функција јавен обвинител по сопствено барање и формирање на Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за 2025 – 2028, стои во соопштението објавено на веб страницата на Советот на јавни обвинители.

Поврзани вести