Skip to main content

Касами сака и нова химна

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб, а според Касами тие како партија се подготвени да разговараат за пакет уставни измени, кои освен грбот ќе вклучат и промена на химната, како и формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“.

Според тетовскиот градоначалник, со овие уставни промени би се рефлектирала сегашната реалност на државата.

„Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе се рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме за предлог-пакет каде што секако ќе се разгледува амблемот (државниот грб), прашањето за химната, но и прашањето за други уставни измени поврзани со унапредувањето на правата на Албанците или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“,

Поврзани вести