
Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ и коалицијата, Дејан Глинџарски со видео-обраќање на својот Фејсбук-профил официјално ја почна кампањата за претстојните локални избори.
Во пораката до граѓаните, Глинџарски истакна дека заедно со својот тим влегува во кампањата со цел „да продолжи да гради современо, уредено и развиено Делчево“.
-Во наредниот период ќе бидеме меѓу вас – на терен, со подадена рака и искрена намера, заедно да разговараме за сè што сме направиле и за сè што сакаме да направиме во иднина. Верувам дека секој граѓанин заслужува внимание, почит и еднаква шанса, порача Глинџарски.
Тој додаде дека во кампањата влегува со енергија, визија и сигурна верба дека Делчево може „уште повеќе и уште подобро“.
-Ве повикувам да ни се придружите на овој пат – затоа што Делчево е нашиот дом. Наша обврска е да се бориме за нашиот дом. Да се бориме за нашата општина, рече Глинџарски.