Skip to main content

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

 Ситуацијата со недостиг на судии во Кочани нема да се реши, а со одлуката за делегирање на еден судија ќе се ублажи состојбата, рече претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски по одлуката на денешната седница.

Тој на новинарско прашање поврзано со недостигот на суди во судовите низ државата, посочи дека се работи за вонредни околности кои се наметнале по кочанската трагедија.

-Сметаме дека со овој еден судија барем во овој период додека ние направиме целосна анализа за сите судии во државава, донекаде ќе успее да помогне на колегите коишто работат таму. Сакам да искажам пофални зборови не само за судиите, туку на сите служби и стручни соработници, советници кои што работеа во тој суд, записничари, стварно покажаа едно високо ниво на свесност за ситуацијата во Кочани, рече Камбовски.

Во врска со надминување на проблемот со недостиг од судии, тој кажа дека е формирана комисија која што ги анализира сите судови и ќе даде предлози.

принтскрин

– Таа комисија треба да направи проценка каде имаме доволно судии. Од кои области и со какво искусутво ни требаат судии. Очекувам за многу краток дека ќе биде завршена. Верувам дека ќе направиме некои поместувања во судовите, во однос на корегирања на судии. Секаде има потреба меѓутоа каде што е, ајде на речеме ургентно, туку приоритетно, рече Камбовски.

Поврзани вести