
Креаторите на службените белешки во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) признале дека пишувале лаги и измислици за повеќе јавни личности откако претходно паднале на полиграфски тестови, дознава Плусинфо.
Како што објавивме претходно, за бизнисменот Орце Камчев бил отворен предмет со лажна белешка од вработен во АНБ за наводни негови средби со претставници на бугарските разузнавачки служби.
За ова Камчев беше и во притвор. Авторот на таа белешка за време на внатрешната истрага признал дека се работи за лажна белешка и дека тоа го направил под притисок на неговите шефови, напиша порталот МКД.мк.
Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата, имале задача да откриваат непријателски елементи во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и биле против евроинтеграцијата на Македонија, односно биле против францускиот предлог.
Повеќе на МКД.мк