Skip to main content

Јовановски: Ќе го решиме проблемот со депонијата и канализацијата и ќе изградиме стационар за кучиња во Кичево

Во Кичево се потребни промени кои ќе овозможат нови фабрики и проекти во инфаструктурата, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Во „Тема на ден“ на Сител телевизија Јовановски рече дека во општината цели 12 години нема напредок и инвестиции и оти треба да го води човек кој ќе се посвети на градот и нема да се води од лични у националистички интереси.

Актуелниот градоначалник е 12 години тука, во овие 12 години имаме само иселување, немаме поврат, немаме никаква инвестиција, немаме ништо ново, градот ни тоне во мрак, ни тоне во ѓубре, ни тоне во несигурност, да се размисли за кого ќе се даде гласот сепак ова одлучува за иднината на нашите деца а потоа и на нас. Јас сум човек кој сака градот да оди напред. Ни треба човек што сака да работи и што е чесен, човек што ќе се посвети на градот и човек што ќе не води напред, не човек кој ќе се води по лични интереси, особено не по националистички интереси. Нам ни требаат фабрики, ни требаат инвестиции, ни требаат крупни проекти ви инфраструктура, рече Јовановски.

Тој ги посочи трите приоритетни проблеми што би ги решавал како иден градоначалник – депонијата во центарот на градот, кучињата скитници и канализациската мрежа.

Горлив проблем е тоа што актуелниот градоначалник направи една „претоварна“ станица за отпад во самиот центар на градот и буквално населението ни е отруено не само од миризба. Топ проект ми е тоа да го отстранам од тука, имам решение, имаме тим, имаме проект изработен и знаеме каде ќе го дислоцираме, истакна Јовановски.

Втор проект, наведе, е да ги ослободиме граѓаните да се движат слободно, да не бидат напаѓани од глутници кучиња.

Имам проект со кој што ќе ги згрижиме кучињата на најхуман начин, изградба на стационар и вработување на стручни лица. Институционално ќе го решиме проблемот, актуелниот градоначалник тоа не го реши, посочи Јовановски.

Третиот проблем кој ветува дека ќе го решава е течењето на фекалии. Како пример ја посочи општината Зајас, каде рече, нема канализација, односно две третини не се решени и по асфалтирани улички течат фекалии.

Поврзани вести