Skip to main content

Јорданов од штипјани доби втор градоначалнички мандат, победата се слави на Градскиот плоштад „Слобода“  

Иван Јорданов е старо-новиот градоначалник на Општина Штип. Вечерва само по час и половина од затварањето на 80.Избирачките места прогласи победа и со членовите, симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ и граѓаните на Штип славеше на Градскиот плоштад „Слобода“. Јорданов се заблагодари на граѓаните на Штип, кои мирно, достоинствено и на демократски начин го дадоа својот глас на осмите по ред Локални избори.

Морам да истакнам дека огромната поддршка која ја добивме со некаде од околу 80% од гласачите кои излегоа на овие избори е една огромна одговорност, но исто така и легитимитет за сите проекти, коишто ги работиме во овој момент и за продолжување на развојот на нашиот град. Согласно добиените резултати од Избирачките места верувајте поддршката е огромна и верувам дека тој сооднос ќе се движи некаде 5:1 или 6:1 до крајот на броењето на овие избирачки места. Така да легитиметот и одговорноста е огромна, вели Јорданов.

Инаку, Иван Јорданов е и првиот градоначалник, кој од граѓаните на Штип доби втор мандат. Во Штип денеска гласаа над 51% од вкупниот број на избирачи.

Поврзани вести