Skip to main content
kQITFUp_2eQ

Jaвното обвинителство поднесе претставка до Адвокатката комора за тв настап на Хајлурахи

Јавното обвинителство на РСМ денеска испрати претставка до Адвокатската комора на РСМ и претседателот Љубомир Михајловски поради неетички јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. Претставката ја објавуваме интегрално:

Јавното обвинителство најостро реагира на неетичкиот и непрофесионален јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа од 14.01.2026 година.

Ви укажуваме дека во споменатата емисија од страна на лице кое извршува функција адвокат беа изречени бројни клевети, лични навреди и невистини за одредени јавни обвинители, како и за состојбите во Јавното обвинителство, а со тоа е нанесена штета на угледот на јавнообвинителската институција во целина.

Јавното обвинителство во целост ги отфрла ваквите неосновани напади, кои претставуваат обид за лична дискредитација и директно нарушување на уставно и законски гарантираната самостојност на јавните обвинители и на обвинителството. Ваквиот јавен настап е спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот за професионална етика на адвокатите кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, што вклучува и изнесување невистини и навреди на лична основа кон професионалци и кон други државни органи.

Ваквите напади и обиди за дискредитација се спротивни и на општиот принцип број 1 од Кодексот за професионална етика на адвокатите со кој адвокатот не смее да дозволи неговите лични интереси да влијаат врз неговата независност. Затоа бараме Адвокатската комора на Република Македонија да преземе мерки во рамките на своите надлежности, да се огради и да го повика на одговорност адвокатот Мустафа Хајрулахи, и со тоа да го заштити угледот на Јавното обвинителство, но и на адвокатурата од неговите неетички јавни настапи.

Поврзани вести