Skip to main content

Извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања

Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието на Република Македонија, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани.

На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека новиот министер за европски прашања, Беким Сали, ја нагласи својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат на Република Македонија.

Поврзани вести