
Семејството на 34-годишната Билјана .Ј.А. од Прилеп алармира за нејзино исчезнување и преку социјалните мрежи повикува на помош во нејзиното пронаоѓање. Како што информираат од СВР Битола, на 23 јули 2025 година, во 23:02 часот, нејзината сестра С.Ј.М. пријавила дека Б.Ј.А. со возило се оддалечила од домот и оттогаш ѝ се губи секаква трага.
Според пријавата, исчезнатата жена имала здравствени проблеми, што дополнително ја зголемува загриженоста кај семејството и јавноста.
Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање, а сите кои имаат каква било информација се повикуваат да се обратат во најблиската полициска станица или да се јават на телефонскиот број 192.
Луѓе мои помагајте Ве премолувам
Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен.Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство. Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива.
