
Околу внатрешните проблеми на СДСМ, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша.Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања, набројуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.
Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?
Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?
Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност.

Македонски




