
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски заедно со вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски остварија средби со граѓаните на општината.
-Најпрвин сакам да се заблагодарам на вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој во целиот мандат откако е назначен ја имаме неговата несебична поддршка, а соработката ни е на највисоко ниво и му се заблагодарувам од име на сите, рече Илиевски.
Тој потенцира дека во сите проекти се поддржани кои ги има по општините.
-Проектите коишто ги имаме добиено преку унгарскиот кредит при првата фаза и сите се завршени со вредност од 40 милиони денари. Од втората фаза што имаме добиено преку министерството за транспорт со вредност околу 60 милиони денари. Денеска се наоѓаме на улицата „Браќа Јаниќ“ каде утре почнува со дел на асфалтирање и „Вардарска“ во Брвеница, Долно маало во Челопек, Ботенова улица кај стадионот.. Во вторава фаза значи 70% сме почнати со изведување на улици и ни останува „Браќа Стефанови“ во Брвеница, две улици во Челопек и една во Миљетино, изјави Илиевски.
Тој потенцира дека со несебична поддршка на Владата и Министерството за транспорт ги добиле овие проекти кои се од голема помош за малите и рурални средини и верува дека ќе продолжат и понатаму.

Македонски








