Skip to main content

И член на ДНК осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

На 16 март 2025 година, службено лице од клубот без правно пропишан договор организирало концерт на групата ДНК. Заедно со управителите и агенцијата за управување, тие не ги почитувале капацитетските ограничувања, дозволувајќи влез на околу 650 луѓе, меѓу кои најмалку 35 малолетници“ – изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Според истрагата, билетите се продавале без контрола, а обезбедувањето не го спречило внесувањето на пиротехнички материјали, иако просторот не дозволувал нивна употреба.

Притоа, билетите се продавале без контрола на возраста на гостите. Има сомнение дека член од групата ДНК околу 02:32 часот по полноќ, како дел од сценскиот настап, активирал пиротехнички средства, што го предизвика пожарот,“ изјави Коцевски.

Поврзани вести