
Семејство Јовевски од Велес, чиј дом под Којник го пеплоса пожар на 27 октомври годинава, ќе добие поддршка преку хуманитарна вечер „Со љубов за нов дом“, што ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во ресторанот „Сангрија“ во Велес.
Настанот го организира „Тин вајб“ (Teen Vibe) од Велес и Лорета, која последните години активно спроведува хуманитарни активности во градот. Целта е да се помогне на семејството кое останало без покрив над глава и да им се врати надежта за нов почеток.
Лорета од „Тин вајб“ вели дека кога ќе видиш семејство кое преку ноќ останало без својот дом, сфаќаш дека заедницата мора да покаже сила.
Ова е начин да им покажеме дека не се сами и да им изнудиме насмевка“, порача Лорета.
Настанот ќе вклучи детска програма со Мики и Мини и Дедо Мраз, како и новогодишни пакетчиња за најмладите посетители.

Македонски






