Skip to main content

Христова: Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи во корист на граѓаните со стратешки цели и проекти во инфраструктурата, здравството, образованието и енергетиката

Во вчерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеничката Даниела Христова која дискутираше за работата на Собранието и одблизу ја прикажа изминатата работната недела таму, односно кои активности се случувале, притоа акцент стави на надзорната расправа за аерозагадувањето и потпишувањето на стратешкиот договор со Обединетото Кралство.

На почетокот пратеничката објасни кои мерки и планови се преземаат за да се подобри состојбата со аерозагадувањето кои се дискутирале на надзорната расправа за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје.

„Во понеделник членовите на комисијата за здравство имаа чест како гостин да го имаат лично премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот кажа дека во однос на подобрување на состојбата со аерозагадувањето, ќе се случи многу набрзо затоа што Владата има конкретен план и конкретни мерки како тоа да го направи. Тој спомна дека Во план е изградба на когенеративни централи коишто ќе произведуваат електрична енергија, исто така спомна дека со цел за подобрување на оваа состојба ќе се набават и 120 електрични автобуси коишто ќе бидат наменети токму нели за оваа цел и ќе бидат распространети веројатно во сите градови не само во Скопје, каде што има проблем со аерозагадувањето“, вели Христова.

Исто така таа се осврна на уште еден значаен момент од работата во Собранието, поточно за стратешкиот договор со Обединетото Кралство и потенцираше дека претставува договор од исклучително значење за раст и развој на Република Македонија.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата навистина работи и се грижи за граѓаните и така покажа и овој пат дека граѓаните им се приоритет. Со потпишувањето на овој договор со една од најголемите велесили во светот, слободно можам да кажам нели, Обединетото Кралство, Република Македонија ќе има многу големи придобивки, пред сè ќе се однесуваат нели како што можевме да прочитаме во договорот, како што можевме да слушнеме од изјавите и на самиот премиер, ќе има многу придобивки во однос на инфраструктурата, исто така ќе има придобивки во однос на здравството и овде посебно сакам да кажам нешто што е многу важно за источниот регион, нели бидејќи јас доаѓам од тој крај, дека ќе има средства, односно пари за изградба на Клинички центар во Штип, ќе имаме придобивки во образованието и во енергетиката“, рече Христова.

Во поткастот пратеничката дискутираше и за Комисијата за образование, за изборот на нов гувернер на Народна банка, но исто така и за пратеничките прашања и за средбата со граѓани која пратениците ја практикуваат.

„Во вторникот ја имавме и 13-та седница на Комисијата за образование морам да кажам дека сега се работи, се преземаат сериозни чекори за подобрување на обрaзованието. Го избравме и новиот гувернер на Народна банка на Република Македонија, Трајко Славески и мислам дека направивме одличен избор и знаеме дека успешно ќе раководи со монетарната политика. Пратеничките прашања се еден од механизмите за контролата на работата на Владата и овој пат беа насочени прашањата кон премиерот, којшто секогаш ги одговара аргументирано докажано со факти“, истакна Христова.