
Сите сме потресени од трагедијата во Кочани и уште живееме во стрес како ќе се опоравуваат повредените. Но, им порачувам на разни некрофили да не ја злоупотребуваат ситуацијата за да ловат во матно, вели професорката Солза Грчева.
Владата покажа силна спремност да се справи со ситуацијата и второ, тргна без пардон да апси секој еден поврзан со настанот. Има силна решеност да се пресмета со криминалот и корупцијата кои не јадат одвнатре. И не само во овој случај.
На многумина им препорачувам да не спијат мирно. Си знаат кои се, а и ние сите ги знаеме. Завршува ерата на локални и национални шерифи кои за пари и државата заедно со нас ја продаваа. Брзо некој ќе им тропне на врата, пишува Грчева.