Skip to main content

Граороски ветува: Проширување на регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани – Боротино и решавање на проблемот со водоснабдување

Сашо Граороски, кандидат за градоначалник на Кривогаштани од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во Кривогаштани, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Граороски истакна дека е човек кој ја знае маката на земјоделците и токму таков човек му треба на Кривогаштани, со проекти и визија.

„Јас сум човек што ја знае и чувствува маката на земјоделецот. Кривогаштани  е земјоделска општина и таа мора да ја води човек што ја разбира маката на земјоделецот. Ние не бараме многу, само патишта до нивите, фер цена за нашите производи и држава што ќе стои зад својот народ, а не да заборава кога ќе поминат изборите. Осум години гледаме како нашата општина тапка во место, гледаме распаднати улици, неасфалтирани маала и долгови што растат. Ќе бидам градоначалник што ќе биде меѓу народот секој ден, на терен таму каде што има проблем“ кажа Граороски.

Граороски кажа дел од проектите кои се реални и јасни.

“Драги мои сограѓани тоа што го ветуваме мора да биде конкретно. Нашите приоритетни проекти се јасни и реални. Доасфалтирање на улиците, секое село, секоја улица да биде пристапна и безбедна со посебен фокус на проширувањето на регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани – Боротино. Решавање на проблемите со водоснабдувањето и проширување на водоводната мрежа. Воведување на централизирано управување со отпад. Целокупниот отпад од населените места во општината ќе се транспортира во претоварна станица во Прилеп а од таму во регионалната депонија во Новаци. Со тоа ќе се обезбеди трајно решение за чиста и здрава животна средина. Модернизација на основните училишта и спортските сали по европски стандарди. Изградба на нови детски игралишта и паркови за рекреација во сите населени места. Поддршка на локалните спортски клубови. Рестартирање на амбулантата на итната медицинска помош. Санација на полски патишта. Воведување на трисменско работење и модернизација на пожарната во Кривогаштани. Поставување на соларни панели на општинската зграда и двете централни училишта. Ќе создадеме услови луѓето да останат овде, да живеат од својата работа, да растат децата во своето место“ нагласи Граороски.