Skip to main content

Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната затвор затоа што има скршени четири ребра

Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци. Ваквата одлука доаѓа откако претходно судот го одби и реши да го врати зад решетки.

Ангелов го доби прекинот откако со болки и скршени ребра, беше вратен зад решетки.

Притисокот од јавноста се исплатеше. На Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци за кои можеби ќе побараме продолжување со оглед на тоа дека излезе дека му се скршени четири ребра (не три) од кои едното со дислокација. Криво ми е што и во ваква ситуација се во државава мора да оде на сила и некој да биде јавно објавен за да постапи!!! Фала ви на сите за споделувањето, значително помогнавте!!!“, објави неговиот адвокат, Драган Пешевски.

Претходно, Ангелов, пушти молба за прекин на казната до Судот во Велес, но беше одбиен. Тој беше со проблеми со дишењето. По јавната објава, жалбата му беше уважена.

Поврзани вести