
Асномски ко*пилиња, Македонија е наша што сакаме ќе правиме, Смрт за вас. Ова се дел од тешките навреди и закани со смрт кон новинарот Александар Видиновски по објавата на неговото видео за непорписно паркираните возила пред објектот на Бугарската амбасада.

Неколку часа по објавувањето на видеото на новинарот Александар Видиновски за непорописно паркираните возила на тротоарот пред Амбасадата на Бугарија, преку социјалните мрежи беа упатени закани по живот и тешки навреди за новинарот, но и за Макдоенскиот народ. Дополнително се користеше и шовинистички и говор на омраза.

За проблемот со паркираните возила на тротоар во центарот на Скопје, пред објектот на Амбасадата реагираа и голем број граѓани. Се жалат дека им се попречува нормалното движење на тој простор

Со став за овој проблем со паркираните возила на тротоарите пред Амбасадата имаше и од МВР од каде кажаа дека сите, вклучиотелно и возилата со дипломатски таблици ќе бидат казнувани за непрописно паркирање.


Македонски



