Skip to main content

Гинекологија Чаир доби нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“ – Чаир доби нов ЕХО апарат, со што значително се подобрува дијагностиката кај бремени жени и пациентки со гинеколошки проблеми, соопштуваат од Министерството за здравство.

Оттаму пренесуваат дека министерот за здравство, Азир Алиу, при посетата на болницата, истакнал дека со новата апаратура се зајакнува грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно.

Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Овој значаен чекор е овозможен со поддршка од АД МЕПСО, која обезбеди над 2,7 милиони денари, и со сопствени средства од 800 илјади денари на Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“-Чаир. Голема благодарност до МЕПСО како општествено одговорна компанија, и до директорот Бурим Љатифи, со кој денес заедно ја посетивме болницата. Зад секој апарат стои грижата за секоја жена, за секоја бремена мајка, за секој нов живот, кажал министерот Алиу во рамки на посетата на оваа здравствена установа. 

Поврзани вести