
Падна нашата обвинтелска картагина-сега треба да се денсталираат и инсталатите на поранешното СЈО, пишува Бранко Героски на Фејсбук.
Се изначитав денеска статии за тоа зошто обвинителот Љупчо Коцевски поднел оставка утрово, на денот кога се очекуваше Собранието да го разреши.
Ми беше многу забавно да ги читам тие длабокомислени “анализи” за еден инаку банален потег.
Патем речено, тврдам дека Коцевски ќе го направеше истото да беше свикана собраниска седница за негово разрешување и пред два месеца.
И бидејќи повеќе мои колумни и анализи за катастрофалните состојби во Јавното обвинителство ги завршував со реченицата “впрочем, Коцевски мора да биде сменет” (во стилот на максимата на Катон Постариот “впрочем, Картагина мора да се уништи”), денеска решив да читам што пишуваат другите и да гледам сеир.
И само да предупредам – Коцевски беше само мапет, инсталатите на поранешното СЈО нема лесно да отстапат, иако ова е силен удар врз нив, пишува Героски.

Македонски






